Достапни линкови

Како да се прочисти арсеникот и други хемиски супстанци од водата?


На повеќе од милијарда луѓе во светот им недостасува пристап до чиста вода за пиење. Недостасува само еден мал пронајдок, филтер што ќе го прочисти арсеникот и други хемиски супстанции од водата што ја пиеме.

Арсеникот може да биде тивок убиец. Тој е без боја, без мирис и без вкус. И иако постои во мали количества може да биде штетен, покрај тоа што нема видлив ефект врз луѓето кои ја пијат загадената вода со декади. Абдул Хусам, професор по хемија на Џорџ Масон универзитетот во Соединетите Држави, пораснал пиејќи вода загадена со арсеник во неговиот роден Бангладеш. Неговото семејство не се разболело, зошто се придржувале кон здрава диета, што може да ги ублажи последиците од арсеникот во текот на годините. Но, други ја немале таа среќа. Присуството на мали количини на арсеник во водата се поврзува со ракот на белите дробови и кожата, а во повеќето случаи и со слабост во мускулите, стомачна болка и прекумерно потење.
Хусам ги посветил последните 10 години во обид да докаже дека филтрите го прочистуваат арсеникот, но и оти тие се тешко достапни за луѓето што живеат во Бангладеш.

„Тие чинат околу 35 до 40 долари, во зависност од цената на суровите материјали, што е од прилика месечна плата на еден просечен работник.“

Арсеникот се наоѓа во водата во многу земји како што се Кина, Аргентина, Чиле, Индија, Бангладеш,Соединетите Држави. Исто така е откриен и во други места во светот, како на пример во Узбекистан каде што се смета дека во почвата на узбкистанските градови арсеникот е присутен шест до десет пати повеќе од прифатливите стандарди.

Хусам се сомнева дека има многу луѓе во светот кој пијат вода загадена со арсеник, а тоа не го знаат. Причината е тоа што софистицираните тестови со кои може да се утврдат присутните количества на арсеник во водата ги нема во места како што се Индија или Бангладеш. А, во други земји владите не брзаат да направат тестови на водата што се пие во нивните општини.

„Повеќето од овие влади или немаат таков проблем или го игнорираат прашањето за квалитетот на водата. Ако избушите бунар што произведува кристално чиста вода, мислите дека може да се пие, но не е така.“

Пронајдокот на Хусам го направи популарен во Бангладеш. Но тој не планира да ја потроши паричната награда за себе. Тој ќе донира 70 проценти од овие средства во општините за да купат филтри за прочистување на водата, 25 проценти ќе бидат искористени за натамошни истражувања, а 5 проценти ќе му припаднат на универзитетот во кој работи.
XS
SM
MD
LG