Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Посета на Кондолиза Рајс


Државниот секретар на САД Кондолиза Рајс денеска во Ерусалим со премиерот на Израел Ехуд Олмерт и со палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе разговара за можностите за обновување на мировниот процес на Блискиот исток. Вчера Рајс имаше одделни средби со Олмерт во Ерусалим и со Абас во Рамала на западниот брег на реката Јордан. Израелските медиуми најавуваат дека по денешната средба САД и Израел ќе соопштат дека нема да ја поддржат новата влада на национално единство, во која влегуваат Фатах и Хамас, се додека не бидат исполнети барањата на блискоисточната четворка (ЕУ, ОН, Русија и САД) за признавање на суверенитетот на Израел, почитување на претходно договореното и недавање поддршка на терористите. В среда во Берлин ќе се одржи средба на блискоисточната четворка, на која ќе бидат разгледани и резултатите од денешната средба во Ерусалим.
XS
SM
MD
LG