Достапни линкови

Њу Делхи: Најмалку 64 жртви во терористички напад на воз во Индија


Најмалку 64 луѓе загинаа во пожар што денеска зафати два вагона на еден експресен воз во северна Индија. Индискиот министер на железнички транспорт Лалу Прасад Јадав изјави дека се работи за терористички напад информирајќи дека во два куфери се пронајдени експлозиви. Мотивите се очигледни, да се дестабилизира мировниот процес меѓу Индија и Пакистан, рече Јадав. Тој информира дека очевидци слушнале две експлозии, а пронајден е и детонатор. Експлозиите се случиле кај градот Панипата, во индиската држава Харијана, а возот се движел од главниот град на Индија кон границата со Пакистан.
XS
SM
MD
LG