Достапни линкови

Ерусалим: Соединетите држави и Израел нема да ја подржат палестинската влада


Израелскиот премиер Ехуд Олмерт денеска изјави дека во телефонски разговор со американскиот претседател Џорџ Буш се согласиле дека нема да ја поддржат палестинската обединета влада, доколку таа не го отфрли насилството и не го признае Израел. Олмерт соопшти дека американските и израелските позиции по ова прашање се идентични. Коментарот на Олмерт следува непосредно пред средбата со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.
XS
SM
MD
LG