Достапни линкови

Тирана: Во Албанија се одржуваат локални избори


Во Албанија денеска се одржуваат локални избори на кои граѓаните избираат градоначалници и членови на општинските совети на околу 380 општини. Владејачката коалиција ја предводи Демократската партија на премиерот Сали Бериша, додека пак опозицијата ја предводи Социјалистичката партија на чело со градоначалникот на Тирана, Еди Рама. Право на глас имаат 2,9 милиони бирачи, а изборите ги мониторираат домашни и странски набљудувачи.
XS
SM
MD
LG