Достапни линкови

Критики надвор, рекордно висок рејтинг во Македонија


Наспроти критиките за немањето на полтички дијалог упатени кон власта и опозицијата кои дојода од мегубародната заедница дома рејтингот на Груевски според последните анктеи е висок.ВМРО ДПНЕ води речси четири пати пред СДСМ.Според Ненад Марковик од Институот за демократија големата доверба која граганите и ја искажале на владата се должи на неколку фактори

„Во моментов има проблем со сите политички актери во земјава. Груевски не беше единствено посочен за недостатокот на политички дијалог. Рејтингот што го ужива е затоа што нему му се даде мандат за економија.“

Во меѓувреме и дипломатскиот тон на еврокомесраот за проширување Оли Рен се смени и при неодманешната посета во Скопје беше по остар од вообичаеното. Премиерот Грусвки пак вчера изјави дека владата не треба да се плаши од силните критики затоа што тоа значело дека државава е поблиску до Унијата. Според Марковик проблемите со политичкиот дијалог не се единтвената работа која силно влијае врз добивањето на датумот за почеток на преговорите:

„Постојат икс критериуми кои треба да ги ипсолниме, меѓу кои и економијата, а политичкиот дијалог ако остане како единствен проблем лесно ќе се реши.“

Аналитичарот Мерсел Биљаљи пак со став дека покрај фактот што народот сеуште се надева на подобрување на економката сотојба затоа што преиодот на владеење на Груевски е краток, дополнитоло рејтингот на владеачката гарнитура се зголемува поради слабата опозиција.Но сепак според Биљаљи оваа сотојба не одлачува од евроинтертивните порцеси

„Општо е мислењето и ставовите на европските институции дека ние имаме стагнација во политичкиот домен, недостасува политички дијалог.“

Во овој период пак пред владата престои и предизвикот од решавањето на статусот на Косово.Според премиерот Македонија пред се треба да го гледа својот државен и нацинален интерес а не да се води од она што ке го каже некој странки лидер.Биљаљи вели дека решавањето на статусот на покаината ке биде придобивка и за нас затоа што ке се затвори едно кризно жариште

„Наш национален интерес е ЕУ и НАТО и секој политички чекор што се коси дијаметрално со тоа не е наш национален интерес.“
XS
SM
MD
LG