Достапни линкови

Ветувањата на владата за раст од шест насто се преамбициозни


После неколку години по ред во кој бруто домашниот производ на земјава изнесуваше нешто над три проценти, за оваа 2007 година согласно макроеконмските проекции Владата најавува пораст за шест насто на БДП. Таа предвидува дека истиот процент ќе се одржи и во наредната година, додека за 2009-тата најавува пораст од 6,5%. Има ли можност да се остварат ваквите очекувања најавени од владата. Домашните економски експерти сметаат дека за оваа година оваа проекција од шест проценти е преамибициозна:

„Ако се гледа според некои индикации за тоа колку се најавува порастот на градежништвото и ако се гледа според нивните акции на берзата, тие најавуваат бум на активноста во тој дел, може да се очекува во тие сектори, но мислам дека глобално нема да може да се очекува пораст од шест насто,“

истакнува Абдулменаф Беџети професорот по економија од факултетот на Југоисточна Европа. Според Беџети дури и да се остварат активностите што Владата ги презема согласно нејзината економска кампања од поедноставување на бизнис процедурите, рекламата за инвестирање во Македонија, намалувањето на даноците, како и веќе најавените инвестиции, би можело да се очекуваат некои резултати во порасот на Бруто домашниот производ,но евентуално во наредните години:

„Сите инвестиции, како што е Џонсон Контролс и слично, коишто треба да дојдат во 2007, нивните ефекти ќе се видат во 2008,“

вели Беџети.

Според извештајот за еконосмкиот развој во земјите од Западен Балкан на Европската Комисија, Македонија со 3,7% БДП во 2005-та година е на последното место споредено со земјите од регионот. Србија со 6,3%, албанија со 5,5 Босна и Херцеговина со 5,5 Хрватска со 4,3 и Црна гора со 4,1 процент се пред нашата земја. Зошто државава е на последното скалило, аналитичарите објаснуваат.

„Еден е дефинитивно проблемот во нивото на реформите и во развојот на атрактивна бизнис клима. Друга причина е странски директни инвестиции, во некои од овие земји се главни двигатели на економскиот раст, а кај на отсуствуваат,“

вели економскиот аналитичар Борко Ханџиски. Во контекст на споредбените резултати со земјите од регионот, експертите додаваат дека ниту проекциите на Владата за шест процентен БДП не е некое економско чудо.
XS
SM
MD
LG