Достапни линкови

Обврска во согласност со документите на Советот на Европа


Досиејата на соработниците на тајните служби што собирале информации и следеле лица што се сметале за неподобни или опасни за државата се чуваат како строго доверливи во архивата на Управата за безбедност и контраразузнавање при министерството за внатрешни работи и до нив имаат пристап само одредени лица. Некои од овие материјали ќе бидат отворени по усвојување на законот за лустрација.
Ризици постојат секогаш, објаснува стручната јавност и укажува дека за донесување на ваков закон Македонија има обврска согласно со документите на Советот за Европа. Тие упатуваат на тоа дека процесот на лустрација е нужен за заштита на младите демокртаии

„Ако Советот ја предвидел нужноста и потребата од лустрациониот процес во транзиционите држави, сметајќи дека треба да се заштити демократијата, всушност упатува на поврзаноста меѓу демократијата и човековите права. За да имате функционална демократија, која ќе биде во функција на промоција и заштита на човековите права. Значи, ако имате систем кој оневозможува создавање на функционална демократија, во тој случај самиот процес на лустрација се појавува како нужен,“

изјави Звоно Јанкуловски експерт од областа на човековите права.
За да се избегнат ризиците неопходно е да се прави разлика меѓу лицата кои соработувале со тајните служби,

„Мора да се направи разлика меѓу луѓето кои биле присилувани по цена на живот и уцена, и луѓе кои тоа го правеле од побуди дека е добро за државата, и трета категорија и луѓето што тоа го правеле за лични интереси,“

вели Есад Рахиќ од СДСМ.

Закони за лустрација има во повекето земји во кои во минатото имаше социјалистички систем како Бугарија, Албанија, Србија, Словенија, во Хрватска во тек е постактата на донесување на ваков закон и слично. Кај нас сите се согласни дека никогаш не е доцна да се усвои ваков закон. Предлагачот Стојан Андов смета дека е лустрацијата е од голема важност. Тој посочува дека е веројатно некои од тие личности да се на функции и додава:

„Затоа Македонија заостанува во се. Тоа не е јасна работа и треба да се расчисти и да се види.“
XS
SM
MD
LG