Достапни линкови

logo-print

Виена: Ана и Игор Дурловски ќе учествуваат на традиционалниот Виенски оперски бал


Истакнатите оперските уметници од Македонија, брачниот пар Ана и Игор Дурловски денеска ќе учествуваат на традиционалниот Виенски оперски бал што се одржува по 51 пат, соопшти нивниот застапник, концертната агенција Алеа. На балот за кој Дурловски добија директна покана од директорот на Штац опера, гости ќе бидат еминентни личности од областа на класичната музика и шоу бизнисот. Ана Дурловски лани дебитираше на сцената на Штац опера со улогата на Кралицата на ноќта во Волшебна флејта од Моцарт. Алеа најавува концерт на Ана и Игор Дурловски за септември годинава во Униварзалната сала во Скопје.
XS
SM
MD
LG