Достапни линкови

Подршката треба да се гради согласно државната политика, вели професор Назми Малиќи


Провокатори дојдени од странство предизвикале ескалација на судирите со полицијата на протестот организиран од движењето Самопределување кој се одржа во саботата во Приштина, изјави вчера заменик раководителот на УНМИК Стивен Шук. Во домашната јавност пак, се појавија сомневања дека на протестите учествувале и македонски Албанци. Џеват Адеми од ДУИ не ја негира таквата можност:

„Не верувам дека биле во позначаен број, бидејќи немам информации дека поголема група од Македонија биле на протестите во Приштина.“

вели Адеми и додава дека во овој период планираат само вербално да ја подржат независнота на покраината и дека нема потреба од преземање на други видови на активности:

„Кога требаше да се избориме за независно Косово ние тоа го направивме, сега нашиот став е јасен, ние го подржуваме предлогот на пратеникот Ахтисари, ние ги подржуваме легалните институции во Приштина и се залагаме што поскоро планот на пратеникот Ахтисари да помине во Советот за безбедност на ОН.“

Илијаз Халими член на владеачката ДПА и заменик министер за одбрана вели дека немаат информации за организирано учество на албанците од Македонија на протестите во Приштина:

„Немам сознанија дека учествувале луѓе од Македонија на тие демонстрации, можеби индивидулано, но ние немаме информации кои биле.“

Албанците од Балканот се една целина која има меѓусебни има историски, културни и јазични врски вели Професорот од Факултетот на Југоисточна Европа Назми Маличи според кој предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на покраината е во корист не само на Косово туку на сите Албанци во регионот:

„Најголемата услуга кон албанците на Косово, ако се гледа од страна на албанците во Македонија би требало да се постават на сите тие добри проекти што ја градат иднината на Косово, нивен нов идентитет, со нов поглед на градење на општество и албанците од Македонија најдобриот начин би бил да ја градат погледите кон Косово исто така како што се гради државната политика кон Косово.“

Извори од македонскиот државен врв пак и порано тврдеа дека македонските албанци никогаш не делувале автономно туку по примерот на она што го прави Приштина. Според нив доколку се предизвикаат инциденти во Косово не е исклучена можноста да има безбедносни импликации и во Македонија.
XS
SM
MD
LG