Достапни линкови

logo-print

Владата му предложи на Собранието да го отфрли предлогот


Во Собранието на Србија денеска веднаш по верификацијата на мандатите на новите пратеници ќе биде отворена расправа за новата резолуција за Косово со која Парлементот ќе го одреди својот став према планот на специјалниот партеник Марти Ахтисари. Српската влада синоќа му предложи на Собранието да го отфрли планот на Ахтисари затоа што со него се крши суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.

Владата на Србија во резолуцијата за Косово која се најде пред ново формираниот српски парламент наведува дека со предлогот на специјалниот преставник Марти Ахтисари на против правен начин се создаваат темели за создавање нова независна држава на територијата на Србија со што се кршат основните принципи на меѓународното право, бидејки не е уважен државниот суверенитет на Србија во однос на Косово и Метохија. Министерот за надворешни работи Вук Драшковиќ за Слободна Европа изјави:

„Ние сме многу конструктивни и тоа резолуцијата го вели кон секој предлог на Ахтисари кој се занимава со статусот на Косово за што доби мандат од Обединетите Нации. Но ние не сме воопшто конструктивни за она за што не доби мандат а тоа е статусот на Србија, бидејки независно Косово значи промена на статусот на Србија и драстична промена на нејзините државни граници.“

Драшковиќ смета дека српскиот преговарачки тим треба да предложи одредени амандмани во Советот за Безбедност на Обединетите Нации со што предлогот на Ахтисари би бил променет. Максимумот, според портпаролот на Демокартската партија Јелена Марковиќ, широка автономија за Косово е единствено профатливо решение:

„Таа широка автономија значи дека Косово само си ги уредува своите работи, освен надеворешната политика и безбедноста. Косово може да биде член на регионални или економски меѓународни институции, но не може да биде меѓународен ентитет и како таков да биде член на Обединетите Нации, Советот на Европа, ОБСЕ или слично.“

Експертот за Западен Балкан од Европскиот институт за безбедносни прашања Џудит Бат смета дека за Србија не би било добро доколку целосно го отфрли планот на Марти Ахтисари. Таа имено наведува дека прашањето на Косовското членство во Обединетите Нации ќе зависи од земјите членки а не од пратеникот Марти Ахтисари.
XS
SM
MD
LG