Достапни линкови

Пекинг: Постигната спогодба за нуклеарно разоружување на Северна Кореја


На шестпартитните преговори во Пекинг синоќа е постигната спогодба за нуклеарното разоружување на Северна Кореа, соопшти помошник американскиот државен секретар Кристофер Хил. Тој додаде дека ќе бидат формирани работни групи кои треба да го следат спроведувањето на спогодбата. Агенциите наведуваат дека Пјонгјанг се согласил да го затвори своите нуклерани постројки во замена нафта и друга економска помош. Преговорите во кои покрај Северна Кореа и Соединетите Држави учествуваат и Кина, Јапонија, Русија и Јужна Кореа, почнаа пред четири години.
XS
SM
MD
LG