Достапни линкови

СДСМ ќе го напушти парламентот ако биде усвоен новиот деловник


Најавата за бојкот на парламентот СДСМ ќе ја реализира во случај Собранието да го усвои новиот деловник во кој има ограничување на дискусијата на пратениците на 10 минути, информираат социјалдемократите. Нивната најава за неприсуство на собраниските седници следеше по изјавата на еврокомесарот за проширување на Унијата, Оли Рен во која тој истакна дека бојкотот на демокрсатските институции не е во ред. Сепак од СДСМ објаснуваат дека станува збор за демокртаско средство и дека би го искористиле бидејки власта нема слух за нивните барања. Вака можеби ке размислат за нашите предлози, коментираат од опозициските партии. Пратениците на СДСМ и ЛДП поднесоа околу две илјади и петстотини амандмани на предлог деловникот:

„Ние ги користиме сите легитимни средства за да укажеме на апурдноста на предлогот. Уште од самиот почеток укажуваме дека не се согласуваме со ограничувањето на времетраењето на дискусиите, затоа што ни престои дебата по закони кои за прв пат ќе поминат во Собранието. Кај нас сеуште нема созреани демократски процеси за воведување на таква мерка,“

изјави Славица Грковска од СДСМ која додава дека приоритет во овој момент треба да бидат законите и воопшто реформите со кои Македонија ќе се приближи до евроатланските структури.
Роза Топузовска Каровска од ЛДП исто така укажува дека Македонија има други приоритети:

„Јас мислам дека ова веќе заѕвони алармантното ѕвонче, парламентарното мнозинство и опозицијата да седнат на сериозни разговори и она што ќе се договори да се почитува,“

изјави Топузовска која додава дека се започна по предлогот на Лилјана Поповска од ДОМ со кој се ограничуваат дискусиите на пратениците на 10 минути, а на координаторите на пратеничките групи на 15 минути. Поповска деновиве рече дека ке размисли за тоа дали ке го повлече амнадманот и дека за тоа ке реши откако ке ги разгледа амнадманите од опозицијата. Денеска вели дека засега останува на истиот став. Треба да почекаме да започне расправа за деловникот, изјави таа. Инаку нешто помалку од месец во работата на Собранието не присуствуваат пратеничките групи на ДУИ и ПДП.
XS
SM
MD
LG