Достапни линкови

Борче Георгиевски, директор на Клинички центар. Основен проблем е намањето одговорност на директорите на клиниките


По сите реформи, Клинички центар денеска е установа преку која паѓа лекарската професија, па и социјалната држава, како се доведе оваа установа во ваква состојба?

Основниот проблем е немањето одговорност и отчетност на директорите, почнувајќи од Управата, генералниот директор, заедно со сите други директори кои што ги водат поединечните клиники во изминатите 15 години. Ако немате одговорност и отчетност, тогаш има можност за корупција и се она што се зборува во јавноста, проблеми со јавните набавки, транспарентноста во работењето, немањето јасна стратегија за тоа каде треба да се движи Клиничкиот центар. Треба што поскоро да се случат реформите во здравството и трансформација и реорганизација на клиничкиот центар. Што пониско ниво на раководење на функционирање на Клиниката ќе има и подобри резултати, затоа што во сегашниот начин на функционирање се покажа дека не е добро, и затоа се реагира на начин за овозможување на максимална автономија и децентрализација на Клинички центар, па дури и формирање на 33 правни субјекти како што деновиве се разговара во јавноста.

Дали трансофрмацијата на Клинички центар е вовед во негова приватизација?

Веднаш да ви кажам дека за приватизација во секундарната и терцијалната дејност не станува збор. Можеби забуна создаде она што го има во развиените земји, а тоа е влегување приватен капитал во јавното здравство, во поедини дејности коишто не се од здравствена дејност, туку дејности коишто пружаат услуги во здравството, како што го направивме со кујната, обезбедувањето, био хемиските лаборатории, ренген услугите, а со влез на дополнителен капитал, којшто ќе овозможи, тоа се дејности што чинат многу, а тоа ќе овозможи да бидеме во тек со најсовремените текови, а државата и фондот ќе ги плаќа само услугите по договорени цени. Сигурно е дека поедини елементи ќе бидат помалку рентабилни, но тоа не значи дека ќе дојде до затворање на поедини клиники затоа што сепак тоа се клиники и место каде што се одвива наставна и научна дејност на Медицинскиот факултет и ќе се најде начин, нема да стане збор за затворање на поедини клиники, приватизација најмалку и уште повеќе отпуштање на поедини вработени во Клиничкиот центар.

Дали новите клиники ќе имаат буџетски капацитет за успешно функционирање?

Па, буџетот на Клиничкиот центар во ниту една земја, дури и во многу побогатите не е доволен и секогаш се вели дека треба да биде поголем. Но, сепак и во сегашната ситуација, со буџетот со којшто и сега располага клиничкиот центар, со добро работење, односно домаќинско работење, може да функционира успешно/

Токму некои од лекарите вклучени во трансформацијата на Клинички центар го надминаа буџетот со кој располагаат на своите Клиники за 2006 година. Дали како што веќе најавивте ќе побарате одговорност од нив?

Одговорност не може да побарате од директорите коишто раководеле девет – десет месеци во минатата 2006, затоа што тие се веќе сменети. Од сегашно поставените директори, апсолутно, како што и од мене, бидејќи во моментов јас го контролирам тој комплетен буџет на клиничкиот центар, ќе биде побарано од секој од нас. Но, доколку има пробивање на буџетите заради зголемен број пациенти, како што е тоа случајот со малигните заболувања. Ако во меѓувреме на листата на протоколите влезат лекови коишто чинат многу повеќе во однос на лани, па имаме објективно пробивање на буџетите, не може да стане збор за недомаќинско работење на колегата што ја раководи институцијата. Но, она на што ќе се инсистира во иднина, е секоја клиника да го добие тоа парче од колачот коешто е дефинирано врз основа на историските податоци, значи како институцијата работела во изминатите години. Секој треба да се најде во тој буџет, да нема злоупотреба и несоодветно трошење средства.

Вие рековте дека нема да дозволите со ограничувањето на дополнителната дејност да опадне стручноста на клиничкиот центар, но сепак угледни лекари си заминаа веднаш по нивното објавување. Ги измеривте ли внимателно штетите и користа што ги предизвика оваа мерка?

Можеби јас очекував и дека тој број ќе биде многу поголем. Но, од друга страна ние направивме и механизам на амортизација. Така што, повеќето колеги, она што се случува и во други земји на транзиција, каде што и во пракса се покажа тој потег за дополнителна дејност во јавните здравствени установи, имаме враќање на колегите од приватното во јавното здравство. Во Турција на пример, од 40 насто на 10 насто се вратени од приватното во јавното здравство. Тоа е тој механизам, сите оние коишто ги исполнуваат условите, да може да работат осум часа неделно, во матичната или друга установа од јавното здравство којашто е регистрирана за иста дејност. Така што, можност за дополнително заработување имаат во местото каде што работат, значи можност за транспарентност за договарање на услугите. Уплаќањето нема да биде под рака, туку ќе биде во службите, коишто припаѓаат на Клиничкиот центар, заработувачката ќе се оданочува. Значи, да не дојде до злоупотреба пациентите да не бидат гледани во редовното работно време. Мислам дека тука има можност колегите заслужено да си заработат дополнително. А, сепак Клиничкиот центар е место каде што може да се вршат и најсложени хируршки интервенции.

Ве засега оваа мерка како основач на приватна здравствена организација?

Таа ординација е по општа медицина. Јас не сум вработен таму. Мојата струка, а и време сега, не дозволува да бидам ангажиран во мојата здравствена установа. Јас таму не работам, таму има директор. Мојата поставеност е онаква каква што го поставува законот. Со оваа законска поставеност јас утре се гледам во клиниката за хемтологија, но доколку нема можност законска утре да бидам и основач и да работам во јавното здравство, јас сум спремен тој мој основачки влог да го отстапам на некој друг. Законот би се кршел ако јас би работел попладне во истата здравствена установа, каде што ниту сум работел, ниту пак планирам да работам.
XS
SM
MD
LG