Достапни линкови

Во владината коалиција нема криза


Нема криза во владината коалиција, вака коментираат претставниците на партиите кои се дел од владата, по пораката од Мендух Тачи до коалицискиот партнер Тито Петковски дека НСДП треба повеке да мисли за својата позиција во власта. Петковски пак по укажувања како што рече од Брисел, предложи во владата да се вклучи и ДУИ. Од НСДП велат дека идејата на планот како што го нарекуваат партнерство за развој е да се надмине кризата на политичкиот дијалог

„Не станува збор за криза во коалицијата, туку добронамерно сугерирање од господинот Тито Петковски за премиерот добро да размисли и да излеземе од оваа криза,“

изјави Иван Анастасовски од НСДП. Мегутоа тој информира дека немаат намера да ја напуштат владата доколку нивниот предлог не се реализира и додава

„Не станува збор за повлекување. На крај, премиерот треба да одлучи дали ќе го продолжи дијалогот“

Од ДПА велат дека нема проблеми мегу партиите од владеачката коалиција

„Сега за сега владата е стабилна и нема никакви проблеми меѓу коалиционите партнери. Продолжува да работи и оваа коалиција по својата програма.“

изјави Илјаз Халими.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека информациите за проблеми мегу коалициските партнери се од опозицијата, Според нив се започна откако ДУИ не влезе во Владата

„Ова вештачко креирање на тензии во земјата, граѓаните не чувствуваат дека вистински се случува. Се гледа дека владата интензивно работи и чекор по чекор она што го има ветено, го реализира,“

рече Силвана Бонева.

Не може нас да не обвинуваат, вели Рафиз Алити од ДУИ кој додава

„Ние мислиме дека со фактот дека ДПА го нема легитимитетот да ги претставува интересите на Албанците, бидејќи таа партија не ги доби изборите, па вината која сакаат да ја префрлат кај ДУИ – апсолутно не држи.“

За состојбите на политичката сцена Јани Макрадули од СДСМ вели:

„Владата повторно стана заложник на ДПА и Мендух Тачи како од 1998 до 2002, иако тие ги изгубија изборите во 2006 сега сака да ја капитализираат ситуацијата и да доминира во владата.“
XS
SM
MD
LG