Достапни линкови

logo-print

Берлин: Глобалното затоплување една од најголемите закани со која се соочува светот


Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека една од најголемите закани со која се соочува светот е глобалното затоплување. Таа ова го рече на отворањето на 43 тата Минхенска конференција за безбедносна политика на која учествуваат 250 официјални преставници на држави и влади, вклучително 40 министри за надворешни работи и одбрана, меѓу кои и македонските Антонио Милошоски и Лазар Еленовски. Шефот на македонската дипломатија Милошоски ќе има обраќање на тема НАТО во ерата на глобалните предизвици.
XS
SM
MD
LG