Достапни линкови

Владата ќе направи се за да ја смени сликата за Македонија


Владата ке направи се за да ја смени сликата за Mакедонија, изјави вицепремиерката за евроинтегхрации габриела Коневска Tрајковска по вчерашната изјава на еврокоерасрот за проширување на унијата Оли Рен дека реформите во 2006 се забавени. Таа објаснува што ке превземе владата во наредниот период

„Првенствено формирање национален консензус, зашто само на овој начин ќе може да се стави државниот над партиските интереси и се разбира конструктивно да се пристапи кон исполнувањето на домашните задачи. Политичките критериуми за владата се исклучително битни и ние сме свесни дека тие мора да се исполнат за да добиеме датум за преговори,“

рече вицепремиерката

Од владеачките партии велат ова се должи на тоа што се изгуби многу време со изборите

Аналитичарите укажуваат проблемот ке биде во реализација на законите

„Се работи не за усвојување, туку за имплементација на законите и тука ќе има практични проблеми,“

рече Димитар Мирчев од Европски движење

И од опозициските партии признаваат дека се пропушти многу со изборите, но сметаат дека владата по нејзиното формирање можела да направи повеке

„Зградата од почеток згреши кога рече дека ќе направи мораториум на меѓу етничките односи и рамковниот договор и Македонија ја врати многу назад, за жал наместо да зборуваме за економија, повторно мора да зборуваме за политички критериуми,“

изјави Јани Макрадули од СДСМ.

Мегународните претсваници во земјава по вчерашната посета на еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен им порачуваат на надлежните во земјава дека сериозните забелешки мора да се земат во предвид и додаваат Без интензивирање на реформите, нема да добиете датум за почеток на преговори за членство во унијата
XS
SM
MD
LG