Достапни линкови

Мека: Договор на Хамас и Фатах


Ривалските палестински фракции Хамас и Фатах, на преговорите во Мека постигнале договор за формирање заедничка влада. Во меѓу – палестинскиот конфликт, од декември до почетокот на преговорите, загинаа околу 100 лица. Палестинскиот претседател Махмуд Абас изрази надеж дека заедничката влада ќе помогне да прекине економскиот и политички бојкот од Западот, кој беше воведен во минатата година, кога владата ја превзеде Хамас. Меѓународните реакции на договорот меѓу Хамас и Фатах, сеуште се воздржани, иако се оценува дека ова е важен чекор напред.
XS
SM
MD
LG