Достапни линкови

Со ваква политичка клима нема да се постигнат европските стандарди


Со ваква политичка клима во земјата не може дa се постигнат европските стандарди, порача денеска во Скопје еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен:

„Oткако вашата земја е кандидат за членство во Европската Унија ние имаме поголеми очекувања. Треба да ги постигнете стандардите бидејќи членството не е автоматски процес. А по добивањето на кандидатскиот статус во декември 2005 година реформскиот процес е забавен. Овој вид на политички консензус нема да придонесе за постигнување на европските стандарди. Довербата мора да постои. Одговорноста е на Владата и на опозицијата заедно. Владата треба да создаде услови и да превземе иницијатива, а опозицијата да биде конструктивна, бојкотот на демократските институции не е во ред.“

Рен со премиерот Никола Груевски разговарал и за косовското пршање:

„Сакам да го потенцирам значењето од тоа што имате коректен однос во врска со косовското прашање. Тоа е од големо значење за стабилноста на целиот регион и неговата иднина воопшто.“

изјави еврокомесарот Рен.
Премиерот Груевски пак, истакна дека Mакедонија забрзано работи на постигнување на европските стандарди:

„Она што исто така е важно е дека македонската Влада и покрај тоа што поради изборите имаше доцнење, а можеби и сеуште има, на некои од обврските, сепак се обврзавме сите закони што се потребни да се завршат до декември 2007-та година, да ги завршиме до јули оваа година, а сите подзаконски акти да ги завршиме до крајот на септември така што во тој дел да бидеме порано завршени отколку што се очекувањата. Свесни сме исто така дека освен законите, битна е и нивната имплементација и ќе ставиме целосно внимание на тој дел, се што е од агендата за ЕУ за 2006 и 2007 година да го завршиме во Парламентот и да гос проведеме во реалноста.“
XS
SM
MD
LG