Достапни линкови

logo-print

Една од главните забелешки се однесува на организирањето на малцинските заедници на Косово


Белград и Приштина пред состанокот за статусот на Косово што пратеникот Марти Ахтисари го закажа за тринаесетти овој месец. Би требало тогаш двете страни да ги изнесат своите забелешки за предлог решението за идниот косовски статус. Едно од главните е и начинот на организирање на малцинските заедници, пред се на српската, на Косово.

За сега не се знае формата на разговорите во Виена, дали тоа ќе бидат преговори меѓу Приштина и Белград или нивни одделни консултации со канцеларијата на специјалниот пратеник Ахтисари. И додека косовските претставници велат дека ќе учествуваат на состанокот, српските бараат одлагање до конституирањето на српското собрание. Имено, парламентот, како што се договориле партиите кои ќе го сочинуваат, ќе има право да се изјасни за предлогот на Марти Ахтисари, да ја одобри платформата за натамошите преговори и да го избере преговарчкиот тим. Политичките лидери во Белград, според досегашните реакции, во овој момент не е им се приоритет решенијата во планот на Ахтисари барем додека јасно не биде дефиниран косовскиот статус:

„Целосно е бесмислено сега ние да разговараме дали зоната за заштита околу српските манастири ќе биде пеесет, шеесет или сто метри кога се предвидува Косово да може да има свои оружени формации, да аплицира за место во Обединетите Нации и да има свој Устав со кој се регулира внатрешниот поредок. Мислам дека на тоа не треба да се согласиме.“

Вели Душан Пророковиќ, председател на собранискиот одбор за Косово и Метохија. Овој став, односно дека планот на Ахтисари не ги гарантира стандардите кои на србите ќе им овозможи на србите да останат на Косово, преовладува во Белград, но и кај претставниците на српското малцинство во Покраината кои го отфрлуваат планот:

„Тоа секако значи дека српската заедница ќе биде подобро заштитена, но тоа не значи ништо доколку тоа е противусловот за независност. Секоја независност за нас е сериозен проблем и закана.“

Оценува шефот на Српската листа за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ. Од косовската влада пак, велат дека во документот на Ахтисари е опфатено почитувањето на колективните права:

„Овој документ е комбинација на светската парктика за почитување на правата на поединците и на малцинствата. Ние тоа не го сметаме за компромис. Компромис е делот за меѓународното присуство кое ќе ги надгледува и ќе ги гарантира тие права.“

Наведува портпаролот на владата на Косово Улпијана Лама, додавајќи дека правата ќе бидат гарантирани и со Уставот. Според планот на Ахтисари, меѓу другото, е предвидено формирање на нови или значајно проширување на општините во кои србите се мнозинство: Грачаница, Ново Брдо, Клокот, Ранилуг, Пратеш и Северна Митровица.
XS
SM
MD
LG