Достапни линкови

logo-print

Скопје: Собранието расправа за Деловникот


Собранието на РМ денеска ќе ја продолжи расправата за Предлогот за донесување собраниски деловник, во рамките на 29 -тата седница. Вчера пратениците не го прифатија законот што предвидува пензионирање на стечајците со над 25 години работен стаж. Раководството на Здружението на стечајните работници синоќа во Владата имаше средба со вицепремиерот Зоран Ставрески и со министрите за труд и социјална политика и за економија Љупчо Мешков и Вера Рафајловска. Од средбата не произлегло ништо конкретно што би значело регулирање на нивниот статус, изјави претседателот на здружението Стојан Стојанов, додавајќи оти планираат сами да изготват закон што ќе гарантира згрижување на стечајците преку исплата на месечен паричен надомест до нивно повторно вработување, а потоа, од владејачката ВМРО - ДПМНЕ ќе побараат тој закон да го достави во Парламентот.
XS
SM
MD
LG