Достапни линкови

logo-print

Експертите велат дека присуството на странски бренд испраќа позитивни сигнали за другите инвеститори


По влезот на австрискиот Мобилком познат светски бренд чија понуда на јавниот повик за трет мобилен оператор, иако единствена сепак како поволна беше прифатена од Агенцијата за електронски комуникации, покажува дека државава станува се поатрактивна и нуди можност за профитабилност, што може да биде поттик и за останатите странски инвеститори да инвестираат во земјава, велат дел од економските експерти. Професорот на Економскиот факултет при Европскиот Универзитет Зоран Ивановски посочува:

„Влез на светски бренд дефинитивно претставува сигнал и за другите странски инвеститори дека во Македонија може да се оствари профит, а второ е влијанието е тоа дека земјата станува атрактивна, нуди можности за заработка и покрај малиот пазар. Дури напротив сите се свесни дека во земја како нашата, профитите се повисоки отколку во развиените западни земји.“

Професор Ивановски е на став дека привлекувањето на нови инвестиции е само, еден аспект. Вториот, се однесува на поволностите што од конкуренцијата, конкретно во мобилната телефонија, ќе ги почувствуаат граѓаните:

„Значи имаме двојно влијание. Од една страна телефонијата како составен дел на бизнисот и на стандардот на луѓето, влијае позитивно на редуцирање на трошоците, значи подобрување на стандардот, односно олеснување на бизнисот.“

Вели Ивановски.
Освен актуелниот влез на австриската компанија од мобилната телефонија Мобилком, Т- Мобиле, австриската ЕВН и Џонсон Контролс се меѓу поважните странски брендови кои започнаа со функционирањето на македонскиот пазар.И економскиот аналитичар Андреј Пулејков се согласува дека вакви меѓународни компании се можеби најефиканската реклама за земјава во привлекувањето на нови странски инвеститори, но на додава тој тоа би било на на подолог рок:

„Не верувам дека би имало некое битно влијание во привлекувањето на дополнителни странски инвеститори и тоа би можело да се случи на долг рок, прво како сигнал за останатите странски инвеститори, а дека директно односно дека брзо би имало некоја инвестиција не верувам дека ќе има.“

забележува Пулејков.
XS
SM
MD
LG