Достапни линкови

logo-print

Утре ќе се знае дали Ахмети ќе ја прифати поканата на Груевски за средба


За тоа дали ке продолжи дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и опозициската ДУИ најверојатно ќе се знае утре. Доколку разговаат двајцата лидери, велат од Демократската унија за интеграција, нема потреба од присуство на мегународните претставници, но ако се одлучи да продолжи дијалогот тогаш најверојатно ке бараме и присуство на амбасадорите. Сепак одговорот на поканата од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе биде позната откако за неа и за останаите прашања во врска со дијалогот ке расправа централното претседателство

„Ние секако дека оваа покана и обраќањето до нашиот лидер Али Ахмети ќе го разгледаме во централното претседателство и ќе дадеме наш одговор,“

изјави Рафиз Алити

Од СДСМ пак сметаат дека со работата во групи дијалогот влезе во уште понепродуктивна фаза

„Веќе е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ заговара на ниво на работни групи да разговара со секоја партија поединечно. Сметаме дека на тој начин не се создаваат решенија за излез од политичката криза, туку технички се глуми постоење на политички дијалог. Од минатонеделната средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се покажа дека работните групи на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту капацитет, ниту мандат од Груевски да разговараат,“

рече Весна Бендевска која додадава дека токму затоа дијалогот треба да продолжи на лидерско ниво. Професорот Владо Поповски член на работната група на ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека нивната идеја е прво да се разговара на ниво на работни групи од сите полтички партии, потоа второто ниво е договореното да го потврдат првите луге на партиите на лидерска средба

„После тоа, се разбира дека сета таа материја која и така постои обврска да биде процесуирана во Собранието ќе влезе во институциите преку владата, која ќе даде предлог, и овластените институции. На тој начин во Собранието се очекува тие предлози да биде поприемчиви, затоа што тие биле претходно дискутирани од претставниците на политичките партии,“

вели Поповски.
XS
SM
MD
LG