Достапни линкови

logo-print

Членството на Македонија во НАТО зависи и од договорот со Грција за името


Прашањето со името на Македонија, кога станува збор за нејзиното зачленување во НАТО, не е билатерално прашање меѓу Соединетите Држави и Македонија, изјави на вчерашната прес конференција во Вашингтон портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак. Тоа прашање треба да биде решено меѓу Македонија и Грција.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент Шон Мекормак на редовната прес конференција во Вашингтон повтори дека Соединетите Држави ќе соработуваат со Македонија во врска со нејзиното зачленување во НАТО:

„Македонија е дел од Акциониот план за членство во НАТО затоа се одвива извесна интеракција на Алијансата како организација и на нејзините индивидуални земји членки со Македонија. Ние од наша страна донесовме одлука да го почитуваме името на Македонија.“

Мекормак додава дека НАТО се изјасни за политика на отворена врата и затоа разговара со другите земји кои не се членки за можното нивно зачленување. Во овој процес, како што вели тој, се појавуваат повеќе прашања, а едно од нив, кога станува збор за Македонија е и спорот со Грција околу името. ,,Доколку некогаш се дојде до членството на Македонија во НАТО за тоа ќе треба да се согласат сите членки на Алијансата. Значи ако некогаш дојдете до таа позиција тоа ќе треба да биде решено меѓу Македонија и Грција, бидејќи НАТО е консензуална организација,, наведува Мекормак додавајќи:

„Тоа, од ова гледна точка, не е билатерално прашање меѓу Соединетите Држави и Македонија. Како организација и како земја членка ова прашање не е прашање за нас, туку јасно тоа е прашање за грчката влада. Прашањето треба да биде решено доколку Македонија го изоди патот до членство во НАТО.“

Според Мекормак, тоа не е и единствено прашање.

„Постојат бројни други прашања кои се дел од акциониот план за членство и кои Македонија треба да ги реши пред да се приближи до нејзиното зачленување. Значи тоа е само едно од различните други прашања што НАТО ги има со Македонија.“

Изјави на вшерашната редовна прес конференција во Вашингтон портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак.
XS
SM
MD
LG