Достапни линкови

Мека: Средба на лидерите на палестинските ривалски фракции Фатах и Хамас


Лидерите на ривалските палестински фракции Фатах и Хамас денеска во Мека во Саудиска Арабија ќе се обидат да постигнат договор за прекин на насилствата меѓу двете страни во чии судири во изминативе месеци загинаа најмалку 65 лица. На средбата, на покана на саудиските лидери, ќе се сретнат палестинскиот претседател Махмуд Абас од Фатах, и лидерот на Хамас Калед Мишал.
XS
SM
MD
LG