Достапни линкови

Талин: Продолжува меѓународната конференција „Адриатик-Балтик-Атлантик“


Во Талин во Естонија продолжува меѓународната конференција „Адриатик- Балтик – Атлантик“ која започна вчера, а на која учествуваат и македонските министри за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Лазар Еленовски. Во ист состав на конфренцијата учествуваат и министрите од Хрватска и Албанија, односно земјите од Јадранската група, како и висок претставник на американскиот Стејт Департмент. Главни теми на конференцијата се регионалната безбедност и Косово, а меѓудругото се дискутира и за активностите на земјите кандидати за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG