Достапни линкови

logo-print

Почнаа дипломатските активности за разговорите Белград - Приштина


По објавувањето на планот за Косово, започна дипломатска активност пред престојните разговори меѓу Белград и Приштина и усогласување на ставовите меѓу сите актери во Контакт групата и Советот за Безбедност на Обединетите Нации. Во Белград српскиот претседател се состанува со лидерите на партиите, во Приштина е американскиот пратеник Франк Визнер, а во Москва министерската тројка на Европската Унија.

Во ситуација на не-формиран парламент српскиот претседател Борис Тадиќ ги свика лидерите партиите на состанок за планот на Ахтисари, кој според оценките во Белград води кон независност на Косово и е неприфатлив за Србија. Токму затоа овој состанок е осмислен како Србија да ги брани своите ставови. Во меѓувреме претседателот на Собранието на Војводина оцени дека за Воислав Коштуница и неговата Демократска Странка на Србија не треба да има место во новата српска влада, поради тоа што тој во ставовите во однос на Косово бил сличен на Слободан Милошевиќ. Други српски политичари и аналитичари пак сметаат дека ставот на Коштуница за некаков прекин на односите со оние кои би го приознале Косово е тврд и води кон изолационизам на Србија. За косовскиот премиер Агим Чеку кој пак денеска во Приштина се состанува со американскиот пратеник за статусот на Косово Френк Визнер независноста е завршена работа и делби на Косово или присоединувања со други држави нема да има..

„Косовската независност е затворено поглавие. Нема шанси за промени на границите и тоа никогаш нема да се случи. И ние треба да го следиме тој пат на интеграција во демократски систем и институциите на земјата во која живееме, а тие треба на граѓаните да им обезбедат високи човечки стандарди и права на заедениците.“

Токму на одната поделба на Косово која според кругови во Белград е можно решение кое според многу аналитичари би имала лош одраз врз Босна и Херцеговина и Македонија, се наврати и специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари.

„Јас ке мора да ја повторам оригиналната изјава на Контакт групата дека тие нема да прифатат било каква поделба на Косово. И тоа е многу јасно и треба да се разбере сериозно 4 те постојани членки на Контакт групата плус Германија и Италија го велат тоа.“

Министерската тројка на чело со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер денеска во Москва во обид да ја придобие Русија за да биде конструктивна околу решавањето на статусот на Косово. Москва стави до знаење дека ќе употреби вето во Советот за безбедност на Обединетите Нации, доколку во преговорите не се постигне договор со Белград, но според дипломатски извори во Брисел севкупните руски интереси ќе бидат пресудни за тоа каков ќе биде конечниот став на Кремљ. Европската тројка во среда на 7 фебруари ќе пресојува и во Србија.
XS
SM
MD
LG