Достапни линкови

logo-print

Талин: Еленовски и Милошоски на конференција Адриатик - Балтик


Министерите за надворешни работи и одбрана Антонио Милошоски и Лазар Еленовски денеска и утре ке учествуваат на мегународната конференција Адриатик – Балтик - Атлантик што ке се одржи во Талин, Естонија. Според програмата, како што соопшти македонското МНР, ќе се дискутира на повеќе теми, меѓу кои и за регионалната безбедност, Косово, меѓународните воени операции во светот, резултатите од Самитот на НАТО во Рига, натамошните активности на земјите кандидати за членство во НАТО, за новите членки на програмата Партнерство за мир и за реформите во одбраната.
XS
SM
MD
LG