Достапни линкови

Предлогот на Ахтисари прифатлив за Македонија


Предлогот на Марти Ахтисари за статусот на Косово денеска пред македонскиот државен врв го претстави шефот на косовскиот преговарачки тим Хашим Тачи.

„Најголемиот интерес за Косово и за Албанците во целиот регион е да имаме стабилен регион. Тоа може само да биде поткрепа на документот што го поднесе господинот Ахтисари, во правец на тоа дека Косово нема да биде во иднина генератор на кризи, туку генератор на стабилност. И колку што во наш интерес е да има стабилност во регионот, би рекол дека заради историската димензија на моментот уште поголем интерес е на политичарите на Косово, без разлика дали се на власт или во опозиција, таа стабилност да продолжи да егзистира и да биде долгорочна.“

„Беше една одлична средба на која што разговаравме за се што работиме во Приштина и Косово. Во име на владата на Косово благодарам за коректниот став на претседателот Груевски и неговата влада што се однесува до разрешувањето на статусот на Косово,“


изјавија македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на косовскиот преговарачки тим Хашим Тачи.

За отвореното прашање за границата, се предвидува во рок од 120 дена двете страни да формираат заедничка комисија во која ќе учествува и еден меѓународен представник, а во рок од една година од нејзиното формирање да заврши и процесот на целосно физичко обележување на границата

Аналитичарите се речиси единствени во мислењето дека на краток рок ке биде слично како и досега, силно мегународно присуство на мегународната заедница, но незвесниоста постои на среден рок

„Не очекувам поголеми нарушувања на мирот и безбедноста во реонот. Во тој контекст и стабилноста на Македонија не е нарушена, а истата оценка не можам да ја искажам на среден рок,“

Рече професорот Стојан Кузев од Воената академија во Скопје.
Гералд Кнаус од Иницијативата за европска стабилност смета дека се ке зависи од трпението на населението на Косово

„Јас велам дека е можно да има период на одолговлекување, но се надевам дека нема да има. Но при одолговлекување се ке зависи од трпението на косоварите, и тоа не само на политичарите. Таму има голем проблем, има фрустрации кај населението.“
XS
SM
MD
LG