Достапни линкови

Абдуљади Вејсели, претседател на ПДП. Во Македонија постои политичка криза


Пораката од Брисел е јасна, на Македонија и е потребен политички дијалог. Какви се шансите за воспоставување дијалог во месеците клучни за Македонија за евро атлантските интеграции? И во таа смисла, како вашата коалиција ќе придонесе?

Јас мислам дека еднаш засекогаш треба да се сфати, или сите политичари треба да сфатат дека не може да се разговара со тие кои ги губат изброите. Туку, ако сакаме конструктивен дијалог и прогрес во дијалогот, мора да разговараат тие кои победиле во разните етнички заедници кои живеат во Република Македонија. Јас најотворено ќе кажам, дека на парламентарните избори, победници во македонскиот блок беа ВМРО-ДПМНЕ, а во албанскиот блок е ДУИ и ПДП. Ако овие две сили кои имаат мандат од граѓаните не најдат разбирање меѓу себе, јас мислам дека тогаш мора да најдеме заеднички јазик околу многуте проблеми кои ги има во Република Македонија. Или ако не најдеме заеднички јазик да направиме обиди за решавање на некои проблеми кои се битни за граѓаните на Република Македонија. За тие да чувствуваат рамноправни и во политичкиот, економскиот, социјалниот блок. Јас не велам дека другите елементи не се битни. Но, треба да бидат и политичките партии кои ги изгубиле изборите треба да бидат дел од овој конструктивен дијалог, меѓутоа јас сега, како што се одвиваат работите не гледам поголема шанса, секој останува во својот ров, а тоа значи дека последици ќе имаат граѓаните. Можеби денеска нема да се чувствуваат последиците денеска, но тие може да се видат подоцна. Затоа јас имам многу јасна порака до премиерот Груевски, мислам дека треба да седне и да размислува и да разговара со конструктивните сили, за да се започне тој конструктивен и многу добронамерен дијалог, меѓу политичките партии. Тие се кои се победници по етничка основа. Ние сакале или не да признаеме, во Република Македонија политичките партии се издигнати врз етничка основа.

Најавивте еден вид отцепување на општините од централната влас. Подразбира ли тоа барикади на улиците на општините и значи ли тоа дека нема да се почитуваат правните механизми и законите?

Јас мислам дека секој градоначалник има налог, или таков е заклучокот од последната седница на градоначалниците на ДУИ и ПДП. Секој ќе ги каже проблемите со кои се соочува во сопстветана општина. Потоа ќе направиме анализа и ќе донесеме некоја одлука.

За отцепување на општините?

Јас не можам да прејудицирам сега. Ние како ПДП, па зборувам и во име на ДУИ уште му даваме шанса на дијалогот. Дека тој е единствениот механизам за излез од кризата во којашто сме.

Но, во игра се повеќе сценарија, меѓу кои и враќање на пратеничките мандати, формирање на техничка влада, предвремени избори. Кои би биле политичките сојузници на вашата коалиција за ваква опција?

Па, видете резовите сега се длабоки меѓу политичките партии кои биле во опозиција или во позиција. Мислам дека најверојатно ако не одат работите во овој правец, нема седници на собрание, нема донесување на закони, нема потполен судски совет, има со десет, меѓутоа, не знам колку нивните одлуки ќе бидат легитимни. Нема закон за празници, има проблеми со законот за полиција. Седниците не собранието не траат ни полни два часа. Мислам дека најверојатно тогаш ќе се бара другата солуција, тоа е предвремени избори, преку формирање на техничка влада. Но, тоа е нешто што би дошло после немањето дијалог во Република Македонија, или со продлабочувањето на политичката криза во Република Македонија.

Што може да донесат последните случувања во албанскиот политички блок. Во ДПА не сметаат дека албанците се диксриминирани. Имаше и изјава дека оваа игра со политичката криза намерно се наметнува со цел да се убеди премиерот дека местото на Али Ахмети е во власта. За што се работи? За политичко ривалство или судир во албанскиот политички блок?

Јас мислам дека ДПА е во паника. Според изјавите што ги даваат во јавноста се гледа дека се во голема паника. Меѓутоа, јас ќе ви кажам едно.

Зошто би биле во паника?

Па, видете, тиа прво немаат мандат од граѓаните Албанци и од гласачкото тело на Албанците во Република Македонија тие не се победници во албаснкиот дел. Второ, не може да биде во паника ВМРО-ДПМНЕ која има огромен број поддржувачи во своето гласачко тело. Тука се разликуваат работите. Опоненцијата може да биде присутна затоа што секој сака да ја промовира програмата за да добие поддржувачи. Но, она што се случува денеска, јас мислам дека голем вина имаат политичките партии кои немаат поддршка, а се обидуваат да се прикажат во јавноста дека се обидуваат да прават политика. Јас не верувам дека целата влада се согласува со промовирање на насилничка политика или насилничко политичко дејствување, како што е смената во Тетовскиот универзитет на раководната структура таму. Со претепувањето на студентите, во една академија на Тетовскиот универзитет, смената во исламската заедница. Јас не верувам дека целата влада се согласува со ваквата политика. Ако целата влада се согласува со ваква политика, каква што ДПА спроведува во делот на Албанците, тоа што се случи на Тетовскиот универзитет ќе се случеше и на скопскиот и битолскиот, меѓутоа таму не се случија таквите работи, ама се случија во Тетовскиот.

Сега и за имиџот на вашата партија. Имаше шпекулации, дека ПДП ќе се приклони кон власта, односно дека таа не смее да ја напушти коалицијата под притисок на ДУИ. Каков е контекстот во којшто ја објаснувате оваа слика која се создава во јавноста за ПДП?

Ние не можеме да бидеме спремни во овој момент да бидеме дел од влста. Каде што еден дел од власта промовира и инсталира насилничка политика на еден дел од територијата на Република Макеоднија. Ние со тоа не може да се помириме. Демократијата да биде демократија, секој да ги има своите права, секој да биде рамноправен. Но, не може две политики да излезат од една влада, една за запаедниот дел на Република Македонија каде што ДПА прави што сака и другиот дел. Моите прогнози сум му ги дал на господинот Никола Груевски. Мислам дека има време ако сака нешто да биде во добробит на граѓаните, никогаш не е доцна.

Што значи тоа, ја враќате онаа опција ДУИ да биде дел од власта, односно коалицијата со ПДП да биде дел од власта?

Тоа не е наша желба да бидеме дел од власта. Но, наша желба е тоа што е наша работа и агенда што ние ги имаме како политички партии и јас ќе ви кажам многу отворено, ако се усвојат и прифатат нашите предлози, за законите од Рамковниот договор или други закони за нас не е многу битно дали ќе бидеме дел од власта.
XS
SM
MD
LG