Достапни линкови

Џакарта: Најмалку 20 загинати во поплава


Најмалку дваесет лица загинаа во големата поплава во индонезиската престолнина Џакарта и нејзината околина, каде што околу 190 000 лица се евакуирани поради обилните врнежи на дожд во последните неколку дена. Гувернерот на Џакарта Шутијосо синоќа прогласи вонредна состојба за градот,бидејќи врнежите продолжиле и во градот Бигор, во близина на главниот град.Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат и во следните неколку дена.
XS
SM
MD
LG