Достапни линкови

ДУИ нема да учествува, а СДСМ ветува конструктивност во работата на работните групи


По низата критики од преставниците на меѓународната заедница за немањето полтички дијалог денеска власта и опозицијата повторно на заедничка маса. Теми за дискусија на оваа права средба изборниот законик и уставните измени за задолжителното средно обнразование. Откако го прифати предлогот на премиeрот Никола Груевски дијалогот да се одвива на ниво на работни групи составени од преставниците на партиите, опозицијата критикува дека поводот за одржување на срдебите бил да се создaде лажна слика пред мегународната зедница дека има политички дијалог. А само суштинскиот дијалог, вели пратеничката од СДСМ Весна Бендевска може да ја подобри работата на Собранието и да придонесе законите да се носат без долгите дебати меѓу мнозинството и опозицијата:

„Подготвени сме конструктивно и со свој капацитет да дадеме свој придонес за обнова на политичкиот дијалог со цел да го вратиме демократскиот капацитет на работата на Собранието.“

Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ пак, со став дека дијалогот не продолжува сега, туку дека тој се води контуинуирано и секојдневно во Собранието.Според неа средбите ке го олеснат носењето на законите:

„Па нормално дека многу полесно ќе биде доколку во Собранието законите уште пред да стигнат во комисиските тела, имаме можност да ги чуеме забелешките на опозицијата. Тогаш ќе има многу повеќе време и да се консултираат експерти и да се подготват амандмани за промени, можеби и самата Влада на аргументите на опозицијата ќе подготви одредени промени на законскиот текст и тогаш многу побрзо ќе одат и комисиските расправи.“

Но од ДУИ, партијата која одлучи да не учествува, велат дека дијалогот без нив не е дијалог:

„Денеска нема да има дијалог бидејќи однесувањето на актуелното парламентарно мнозинство води кон немање на дијалог. Ние покана немаме добиено, а и да сме добиле не би присуствувале бидејќи ние не учестуваме на средби без присуство на меѓународниот фактор.“

Вели Џавад Адеми.
Поради овие причини и Весна Бендевска од СДСМ со став дека средбите ја немаат потребната тежина:

„Се разбира дека ова ќе добие политичка тежина доколку секој политички субјект од политичката сцена во Македонија ќе даде свој личен придонес за обновата на политичкиот дијалог во целост.“

Следната средба е закажана за седми февруари, а незјини теми се очекува да бидат собранискиот деловник и функционирањето на Комитетот за односи меѓу заедниците.
XS
SM
MD
LG