Достапни линкови

Вашингтон: Во разузнавачкиот извештај за Ирак стoи дека ситуацијата е опасна


Во долго очекуваниот разузнавачки извештај за Ирак се наведува дека ситуацијата е опасна во меѓусебното ирачко насилство, додека Ал Каеда е најголемата закана за американските цели. Во извештајот „Национални разузнувачки проценки за Ирак“ на 90 страници, чии делови објавува Вашингтон Пост, се посочува дека постои несигурност дали ирачките лидери ќе бидат способни да го запрат верското крвопролевање, да се борат против екстремизмот и да воспостават функционални национални институции.
XS
SM
MD
LG