Достапни линкови

Прилика за лобирање и претставување на македонските интереси


Традиционалниот молитвен појадок во Белата кука е добра прилика да се претстават македонските интереси, велат претставниците од Македонија кои биле присутни. Некои од нив имаат забелешки на начинот на кој тоа се организирало досега. Велат доколу престојот се организира подобро, ке има и повеке резултати кои засега како што велат се скромни:

„Мислам дека од ова одење во Вашингтон треба да биде поорганизирано, како пратеничка делегација. Затоа што е добра прилика да се лобира и да се сретнеме со многу конгресмени и сенатори,“

изјави Исмет Рамадани од ПДП кој два пати присуствувал на молитвениот појадок. Со забелешки и пратеникот од СДСМ, Јани Макрадули

„Некои земји тоа посериозно го сфаќаат. За жал, кога јас бев поканет, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски сметаше дека тоа е некој вид јадење и не ни даде средства за патување, па морав да го платам од сопствени извори, затоа што сметав дека мора да се оди, прво да се одговори на поканата, а и да ја претставите својата земја.“

Тој потсетува дека имаше идеја од покојниот претседател Борис Трајковски вакви средби да се организираат и во земјите од Западен Балкан, но дека таа не беше реализирана. За разлика од нив Марјан Горчев кој присуствуваше на молитвениот појадок во 2003 има поинакво искуство.

„Бев многу позитивно изненаден. Имавме многу можности за средби. Организирано имавме средби со конгресмени, разменивме мислења за актуелните теми, економскиот развој на Македонија и мислам дека на таков начин таа пратеничка група дејствуваше многу компактно,“

И покрај досегашното различно искуство сите се согласни дека на овој настан треба да се присуствува и да се искористи за промоција на Македонија, проширување на кругот на лобисти и слично.
XS
SM
MD
LG