Достапни линкови

Гасот е решение за Македонија


Упатените предупредуваат дека регинов се наога пред енергетска криза а македонската дистрибуција ЕВН најави дека ќе почне да ги учи граганите како да заштедат електрична енергија. Во ваква состојба кај нас не се користат алтернативните извори на енергија. Имено за еден од најраспространетите во Европа, гасот, изградена е само магистралната мрежа и на неа како што објаснува Константин Димитров од Здружението на енергетичарите се приклучени околу дваесетина индустриски објекти што значи дека од капацитетот се корсистат помалку од десет проценти. А токму гасот според Димитров може да ја намали кризата со која се соочуваме

„Ќе помогне да се смали зависноста на Македонија од увоз на електрична енергија. Само Скопје има 200 мегавати инсталирани потрошувачи за затоплување, тие може да се заменат со гас и одеднаш вие таа количина електрична енергија не треба да ја увезете, а како гас ќе ја увеземе, но тоа чини помалку финансиски.“

Но кај нас е изградена само главната мрежа, а со законот за енергетика пак за изгрдаба на диститрибутивната мрежа која треба да го донесе гасот до домовите на граѓаните задолжени се општините.Претседателот на заедницата на единици на локалната самоуправа Андреј Петров вели дека во врска со ова прашање во моментов не постои координација но дека имаат во план да покренат таква иницијатива

„Има одделен број општини што имаат иницијатива за воведување гасификација, тоа е случај со Куманово, каде што има и конкретни чекори. Тоа е од корист за општините. Има можност да се направи и ов други општини.“

Засега Куманово е единствена општина во државава која веке започна со изгрдаба на дистрибутивната мрежа. Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека прокетот го финасираат сами а првите приклучоци во центарот на градот може да се очекуваат пролетва

„Не може да претпоставиме колкава ќе биде бројката на првите приклучувања, но се надеваме дека луѓето ќе го прифатат и кога ќе ги видат предностите од природниот гас, мислам дека ќе има голем одзив за приклучување.“

Слична иницијатива деновиве покрена и општината Кисела Вода а според спроведените анкети околу осумдесет осто од жителите се заинтересирани за воведување на гасот.
XS
SM
MD
LG