Достапни линкови

Њујорк: Ирачкиот премиер им порача на САД и на Иран да војуваат на некое друго место


Ирачкиот премиер Нури ал-Малики синоќа изјави дека не сака неговата земја да се претвори во воен полигон на САД и на Иран, предупредувајќи ги двете држави своите недоразбитрања да ги решаваат на некое друго место. “Им рековме и на Иранците и на Американците: Знаеме дека имате проблеми, но ве молиме, решавајте ги надвор од границите на Ирак,“ изјави ал-Малики во интервјуто за Си-Ен-Ен. Ал Малики исто така го предупреди Иран да не го користи Ирак како појдовна точка за напади врз Американците, но и САД да не ја користат ирачката територија како појдовна точка за пресметки со Иран или Сирија.
XS
SM
MD
LG