Достапни линкови

Наблус: Убиени двајца вооружени Палестинци во престрелка на Западниот Брег


Израелски војници убиле двајца вооружени Палестинци во престрелка што се случи изутринава во Наблус на Западниот Брег на реката Јордан. Според медицински извори, убиените се припадници на Бригадите на мачениците од Ал Акса, радикалното крило на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Според очевидци, најмалку 12 израелски џипови и еден булдожер навлегле во стариот дел на Наблус. Двете лица загинале во престрелката.
XS
SM
MD
LG