Достапни линкови

Закани има, но засега се нереални


Во моментов нема основа да се прејудуцира евентуално нарушување на безбедноста во Косово и прелевање на инцидентите во Македонија но министерсвото за внатрешни работи е подготвено да реагира и во таков случај вели портпаролот Иво Котевски

„Со оглед на чувствителната состјоба пред донесувањето на конечната одлука за статусот на покраината, МВР не може да ги отфрли и негира ризиците кои постојат не само во однос на Македонија, туку и во однос на целиот регион. Сепак, во моментов и покрај некои најави за радикализација од страна на некои групации на Косово кои на еден или друг начин се незадоволни од исходот што се најавува за покраината, не може да се говори за реални закани за тамошна дестабилизација на безбедносната состојба и нејзино прелевање во Македонија,“

објаснува Котевски и додава дека тие имаат одлична соработка со УНМИК од каде што добиваат сигнали дека се подготвени да реагираат.

Овој став на министерството доага по вчерашната оцена на командантот на КФОР Роланд Катер кој изјави дека НАТО е подготвен за најлошо можно сценарио и дека евентуален револт на Србите од северно Косово би можел да ги обнови судирите во Македонија и во Прешево. Катер додаде и дека тие внимателно ја следат состојбата во северниот дел од земјава зошто според него секогаш постоела врска со Косово.

И од македонскиот државен врв со став дека македонските Албанци никогаш не делувале автономно туку по примерот на она што го прави Приштина. Извори од таму проценуваат дека има можност за бебзедносни импликации и кај нас доколку Албанците во Косово се судрат со ставот на Белград и предизвикуваат инциденти во рамки на покраината.Од министретсвото за одбрана пак тврдат дека состојбата е стабилна и нема никакви закани за нејзино нарушување.

Дека безбедноста во државиве од регионов се меѓусебно поврзани и власта не треба да ги занемаарува посочува и професорот од факултетот за одбрана Трајан Гоцевски кој додава дека изјавите на челните луге на КФОР не се без никава основа

„Меѓутоа во оваа фаза мислам дека споменувањето на Република Македонија во контекст на нарушување на безбедносната состојба во регионот, заради решавање на косовскиот статус, не би требало да се доведува и мислам дека таквите изјави едноставно само сакаат да долеат уште еден проблем на тој процес,“

објаснува Гоцевски.
XS
SM
MD
LG