Достапни линкови

logo-print

Внимание и загриженост


На Косово со големо внимание и загриженост се очекува официјалното објавување на планот за идниот статус на специјалниот пратеник на Обединетите Нации Марти Ахтисари. Косовските срби сметаат дека евентуалната независност би имала негативни последици, а здруженијата произлезени од бившата ОВК соопшти дека ќе му се спротивстави на секое решение кое би можело да биде помало од независност.

Специјалниот претставник на ОН за статусот на Косово Марти Ахтисари на 2 фебруари во петок ќе ја посети Приштина со цел на косовскиот преговарашки тим да му го предаде пакет предлогот за статусот. Светските и локалните медиуми веќе објавија делови од планот, во кој според нив, не се спомнува суверенитет на Србија на Косово, а на косовските срби им се нуди висок степен на автономија. Претставници на косовските срби цвелат дека каков било облик на независност на Косово е неприфатлив за српската заедница. Шефот на пратеничката листа за Косово и Метохија Ранџел Нојкиќ вели дека србите со загриженост го очекуваат решението и неговото спроведување.

„Независноста ќе има последици за србите, со оглед дека многу од нив се во исчекување и тука секакви последици се можни. Но јас се надевам дека решението ќе биде такво за да им овозможи на србите да останат на Косово и оти поголеми поместувања нема да има.“

вели Ранџел Нојкиќ. Косовскиот аналитичар Шкељзен Малиќи истакнува дека врз основа на она што е објавено, целиот процес ќе води коннадгледувана независност. Според Малиќи важен дел од пакетот на Марти Ахтисари е решението за статусот на косовските срби. И додека институциите се во очекување на официјалниот предлог на специјалниот пратеник на Обединетите Нации реагираа здруженијата произлезени од бившата Ослободителна Војска на Косово ОВК, со накава дека ќе се спротивстават на секое решение помало од независност. Тие најавија дека граѓаните би можеле да реагираат доколку во планот на Марти Ахтисари јасно не се прецизира независноста и целосниот суверенитет на Косово.
XS
SM
MD
LG