Достапни линкови

logo-print

Причините се политички


Судскиот совет речиси еден месец не може да ги добие членовите кои ги избира Собранието. Причините се политички, оценува стручната јавност

„Политичките партии тешко се одвојуваат, од условно да кажам, својата поранешна привилегија, да се мешаат во судската власт. Мислам дека општо гледано, ова неизбирање на петте члена од Собранието се должи на упорноста на политиката да има влијание сеуште во одлучувањето на проблемите во судството,“

вели Ленче Софрониевска поранешен прв човек на Републичкиот судски совет кој претрпе измени по уставните реформи што имаа за цел постоење на независно судство. Дека причините се политички смета и професорот Осман Кадриу кој работеше на уставните промени

„Оваа состојба зборува дека во прашање се политичките недоразбирања и тоа на неколку нивоа. Првиот ниво е дека за овие членови се бара Бадинтерово мнозинство и вториот проблем е на релација претседател на држава и Собраниет на Република Македонија,“

Сето ова, коментира стручната јавност влијае на работата на Судскиот совет

„Со оглед на тоа што за донесување одлуки е потребно дво третинско мнозинство од вкупниот број членови. Со оглед на тоа што во моментов има само две третини од избраните членови затоа што се избрани осум судии и по службена должност во судскиот совет членуваат министерот за правда и претседателот на врховниот суд, значи за секоја одлука всушност ќе треба да се обезбеди консензус и тоа ќе ја отежнува работата,“

изјави Софрониевска.

Петте членови избрани од Собранието се потребни и за да се оствари мегусебна контрола мегу трите власти, затоа што постои опасност да се оди во друга насока каде судството ке одлучува само за себе и ке нема никаква контрола.

Инаку новиот Судски совет брои 15 члена, или има мнозинство членови од судиите бирани на непосредни избори од лугето во оваа област, пет члена за кои се гласа во Собранието и двајца по функција, претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Во негова надлежност е изборот на судиите, нивно разрешување со што како што коментираат експертите, цел е да се постигне поголем успех во селекцијата.
XS
SM
MD
LG