Достапни линкови

Брисел: Претседателот Бранко Црвенковски на средби во седиштето на ЕУ


Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Брисел ќе се состане со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, со евро комесарот за проширување Оли Рен и за безбедност Хавиер Солана. На дневен ред се реформите на патот кон Европската Унија, ситуацијата на Западен Балкан, вклучително и прашањето за Косово. На вчерашните разговори со Црвенковски во Брисел Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер ја истакна важноста од политичкиот дијалог во Македонија и очекувањето дека регионот како и НАТО ќе го подржи планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG