Достапни линкови

Вашингтон: Министерот за одбрана Лазар Еленовски во посета на Соединетите држави


Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски престојува во неколкудневна посета на Соединетите Држави на покана од организаторите на традиционалниот Национален молитвен појадок. Предвидено е тој да се сретне со претставници на американскиот Конгрес, на Стејт Департментот и на Пентагон. Министерот Лазар Еленовски, заедно со неговиот албански колега Фатмир Медиу и американскиот потсекретар за одбрана Гордон Ингланд ќе има обраќање во Центарот за стратегиски и меѓународни студии.
XS
SM
MD
LG