Достапни линкови

Ситуација со политичката стабилност е прилично сериозна, сметаат во опозиционите партии


Во услови на напуштање на Собранието од страна на коалицијата ДУИ-ПДП, парламентарците од денеска започнуваат со расправа за собранискиот деловник, ДУИ пак најавува бојкот на градоначалниците од нивната партија кон централната власт, премиерот Никола Груевски пак, ги одби предлозите на опозицоната СДСМ за обновување на преговорите… Се движи ли Македонија кон политичка криза поради отсуството на комуникација власт-опозиција што трае веќе подолго време. Опозицијата предупредува дека државава навлегува во политичка криза, додека власта тоа го негира. Оливер Шамбевски од владеачката ВМРО ДПМНЕ изјавува дека се можни одредени импликации врз напорите на земјава за членство во НАТО и ЕУ и врз севкупните врнатрешни состојби, но вината за ваквата состојба ја гледа само во опозицијата:

„Незнам дали им пречи на овие процеси, но сигурно не е им помага, но сепак тоа е одлука на тие што го прават тоа.“

Вели Шамбевски.
Опозицијата пак потсетува дека механизмите за обновување на дијалогот е кај власта и предупредуваат на опасностите и според нив неодговорноста, недозволива за земја со кандидатски статус за членство во ЕУ:

„Ситуацијата околу политичкиот дијалог, дури би рекла околу политичката стабилност е прилично сериозна. За жал до парламентарното мнозинство и до Владата не допреа забелешките од извештајот на Европската Комисија во кој сериозно се забележуваше на немањето на суштински политички дијалог.“

Вели Славица Грковска од СДСМ. На ист став и во Демократската Унија за интеграција. Џевад Адеми од оваа партија истакнува:

„Сметам дека ова нема да резултира со добри работи и како во секоја демократска држава одговорноста е до мнозинството.“

Експертите пак, сметаат дека иако во европските демократии постојат политички методи кои се користат меѓу власта и опозицијата, напуштањето на институции е реткост.
XS
SM
MD
LG