Достапни линкови

Багдад: Најмалку седум војници загинале во серија бомбашки напади


Американската војска соопшти дека најмалку седум војници загинале во Ирак во серијата бомбашки напади во изминатите три дена. Од март 2003 година, загинале околу 3000 американски војници. Во меѓувреме, полицијата соопшти дека советникот на ирачкиот министер за индустрија, неговата ќерка и уште две лица биле убиени во денешниот напад од заседа. Според првичните информации, вооружена група отворила оган врз колоната автомобили во кои се наоѓале тие.
XS
SM
MD
LG