Достапни линкови

Вашингтон: Протест на илјадници луѓе кои бараат повлекување на американските трупи од Ирак


Илјадници луѓе се собраа пред Белата Куќа во Вашингтон, барајќи повлекување на американските трупи од Ирак. Со пароли Вратете ги нашите трупи дома, демонстрантите ја критикуваа политиката на претседателот Џорџ Буш кон Ирак и побараа да прекине финансирањето на војната. Демонстрациите се организирани од анти-воени активисти, воени ветерани и важни лица од шоу бизнисот, меѓу кои и актерите Џејн Фонда и Шон Пен.
XS
SM
MD
LG