Достапни линкови

Можна ли е замена со алтернативни извори на енергија?


Соединетите Држави во моментот се најголемиот потрошувач на нафта и гас во светот, енергенси кои не се бесконечни. Затоа, претседателот Џорџ Буш во своето последно обраќање до нацијата изјави дека Соединетите Држави се наоѓаат пред голем предизвик. Намалување на американската зависност од странска нафта и гас и преминување на алтернативни извори на енергија. Но, колку е тоа можно во сегашниве услови?

Соединетите Држави годишно трошат над шестотини триесет и три милијарди кубни метри гас. Ако ваквото ниво продолжи Америка ќе ги потроши своите извори на природен гас до две илјади и тринаесета година и целосно ќе биде зависна од увоз на овој енергенс од странство. Но, и тоа нема да го реши проблемот. Канада и Мексико ќе пресушат со гас две години по Соединетите Држави. Значи, ќе мора гасот да го увезува од Тобаго, Алжир, Катар и Русија. Но, тоа ќе биде невозможно без танкери во кој гасот ќе биде во течна состојба, а тоа ќе чини многу пари. Од друга страна Соединетите Држави со триста милиони жители, консумираат повеќе од дваесет милиони барели нафта дневно. Тоа е повеќе отколку што заедно трошат Европа и Евроазија и за околу три пати од она што го троши Кина чија популација е скоро милијарда и триста милиони луѓе. Од сето ова произлегува дека скоро дваесет и пет проценти од светските енергетски извори се трошат во Америка, земја со пет насто од светската популација. Тоа можеби го објаснува до некаде и растечкиот антиамериканизам во светот.

„Наш животен интерес е да имаме разни видови енергија, а тоа се постигнува по технолошки пат. Мора да продолжиме да го менуваме начинот на кој Америка произведува енергија и повеќе да се потпираме врз алтернативните енергии.“

Изјави претседателот Буш во годишното обраќање до нацијата. Алтернативните горива како биоетанолот, според експертите е идеален додаток за намалување на употребата на бензинот во автомобилите. Но, и тој има свои негативни страни што спречуваат да стане волшебно решение за проблемот. Етанолот се произведува од пченка и од шеќерна репка но процесот е многу скап. Имено, ќе бидат потребни огромни површини земјиште за нивно одгледување, што пак значи трошење големи количества гориво за трактори и комбајни за да се добие енергија. Во меѓувреме, веќе се продаваат хибридни автомобили кои освен на бензин се движат и на хидроген, но и тие се многу поскапи од конвенционалните. Значи преостанува само порационално користење на сегашните ресурси. Но, и тоа оди многу тешко, особено во Соединетите Држави. Колку, покажува примерот со менувањето на навиките во користењето светилки по домовите. И покрај познатиот факт дека флуоресцентните светилки трошат седумдесет и пет насто помалку струја и траат десет пати подолго од обичните тие се уште не се широко прифатени во Америка. Како и би биле кога се за осум пати поскапи од обичните светилки. Министрите за надворешни работи на НАТО на денешниот состанок во Брисел , како што е најавено, меѓу другото, разговараат за планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово, во контекст на резултатите од вонредните избори во Србија. Инаку, главна тема на сотанокот е ситуацијата во Авганистан. Се очекува, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс да побара распоредување дополнителен број НАТО сили во таа земја.
XS
SM
MD
LG