Достапни линкови

Причина, отсуство на политички дијалог


Тогаш кога контиунирано гледате дека нема резултат од вашето учество во некоја институција и непостои дијалог, логична е одлуката да се повлечете, вака Исмет Рамадани од ПДП ја објаснува најавата на коалицијата ДУИ ПДП за напуштање на Парламентот:

„Сите тие настапи каде што имаше елементи на насилство, почнувајќи од Тетовскиот универзитет, па Исламската верска заедница и кога веќе
ние оценивме дека неможе да се воспостави дијалог со содржина што се вели, тогаш одлучивме сепак да ја напуштиме работата во Парламентот.“


Вели Исмет Рамадани од ПДП кој додава дека понатамошната одлука за враќање во Парламентот ќе зависи единствено од нивната проценка дека власта почнала да ја слуша опозицијата. А истата причина, недостатокот од комуниакција ја наведуваат и во владеачкото мнозинство. Единствено со разликата што според власта, за ваквата ситуација е виновна е опозицијата:

„Проблемите веројатно се во немањето желба за дијалог и манифестирањето на желбата по секоја цена да се биде во институциите на власта.“

Истакнува Влатко Горчев од ВМРО ДПМНЕ.

А токму во веќе познатата фраза за немање политички дијалог и соработка, во недостаток на искуство и само технички наместо подлабоки погледи на политичкиот живот, во ова домашната експертска јавност ги лоцира причините за намерата за отсуство на партиите ДУИ, ПДП од парламентарниот политички живот. Како да се надмине ситуацијата, професорот Ило Трајковски од Филозофскиот факултет посочува:

„Решението треба да се бара во опредметнување на дијалогот, во конкретни чекори кои што ќе значат уважување на двете, односно на оваа страна со нејзино вклучување во оние работи што незадираат директно во политиката на Владата, но кои што се дел од демократскиот живот на Парламентот.“

Изјавува професор Трајковски.
Еден од механизмите што исто така треба да се земе предвид, додава политикологот Алберт Муслиу, е потребата од поголема одговорност на партиите кон граѓаните:

„Најлесен начин да се избегне проблемот е да се побегне од проблемот и да не се решава. Но, проблемите не се решаваат ако не се работи на тоа. Значи се додека партиите немаат контрола и немаат реперкусии за своите активности кај граѓаните, ќе прават што сакаат.“

Забележува Муслиу.
XS
SM
MD
LG