Достапни линкови

2007 година клучна за македонското приближување во НАТО, изјавија Никола Груевски и Џон Колстон


2007 година е клучна за македонското приближување кон НАТО, истакнаа по денешната средба премиерот Никола Груевски и Џон Колстон заменик на генералниот секретар на Алијансата за одбрамбена политика и планирање:

„Ние како влада сме задоволни од она што произлезе како порака од Рига и тоа за нас е истовремено голема обврска, одговорност и чест што имаме шанса во оваа година, која е клучна за Македонија, за НАТО да ги завршиме потребните активности за Македонија да биде прифатена за полноправен член на Алијансата следната година. Ние оваа година ќе ги завршиме и преостанатите реформи во одбраната, полицијата и во другите сектори затоа што после самитот во Рига би рекол дека, се е во наши раце.“

Колстон пак го поздрави македонскиот придонес за регионалната безбедност и учеството на војниците на АРМ во меѓународните мисии, во Авганистан, Ирак и во Босна и Херцеговина:

„Ние го поздравуваме учеството на Македонија во мировните операции и се повеќе гледаме дека Владата на Македонија придонесува за меѓународната и регионалната безбедност. Исто така многу го поздравуваме позитивниот придонес на Македонија за регионалната безбедност и стабилност како преку практичната подршка на мисијата на КФОР на Косово, но исто така и преку конструктивниот политички однос како со Приштина така и со Белград.“

Рече Колстон.
Интересот на НАТО тимот кој престојуваше во земјава неколку дена беше насочен и кон активностите во политичкиот и правниот дел, владеење на правото, спроведување на охридскиот договор, реформите во економијата и слично.
XS
SM
MD
LG