Достапни линкови

Реформите во одбраната при крај, потребно интензивирање на реформите во други области


Експертски тим на НАТО од денеска во наредните три дена ке ја проценува состојбата во Македонија во сите области каде се работи на постигнување на стандардите на Алијансата. Се разговара за реформите во политичкиот дел како политички дијалог во земјава, судството, борба против корупцијата, генерално за владење на правото, како и за воениот дел

„Ние сме практично еден од најсилните адути, токму реформата во одбраната, целосната професионализација. Ние во основа практично завршуваме со активностите во одбраната годинава,“

изјави Никола Димитров национален координатор за активностите за приближување кон НАТО кој додава дека интересот на експертскиот тим е пред се во политичкиот и правниот дел каде во наредните неколку месеци како што вели ќе треба да се стави акцент на реформите во јавното обвинителство, реализирање на правните норми со кои се реформира судството и слично. Дека интересот на претставниците на Алијансата е насочен кон политичката состојба посочува и македонскиот амбасадор во Брисел во седиштето на НАТО Нано Ружин

„Со оглед дека Балканот постојано иницира некои внатрешни политички проблеми, и се врзува како нестабилно подрачје, политичката димензија зазема многу значајно место во општиот напор за влегување во евро атлантските димензии. Битна е политичката димензија, но напоредно треба да се вршат и другите реформи. Ако немате правна држава, која е спревена со корупцијата, немате политичка стабилност.“

Утре пак на разговори со државниот врв пристигнува и Џон Колстон помошник на генералниот секретар на Алијансата за одбрамбенма политика и планирање, како и Френк Боланд директот на Дирекцијата за планирање на воените сили по што ке следат првичните оценки за тоа каде е Македонија на патот кон НАТО.
XS
SM
MD
LG