Достапни линкови

logo-print

Крсте Мисирков работел за интересите на македонскиот народ и јазик


Новообјавените податоци од дневникот на Крсте Мисирков донесен од Бугарија минатата недела ги разбранува духовите во македонската јавност откако директорот на државниот архив ја отвори можноста од нова политицазија на прашањето за потеклото на македонскиот преродбеник. Зоран Тодоровски смета дека работи на објективизирање на македонската историја кога се осврнува на последните дваесетина страни од овој дневник каде што Мисирков се потпишал како македонски Бугарин. Никој не може да му го одземе на Мисирков тоа што го направил за постоење на посебна македонска нација и посебен македонски јазик, сметаат историчарите.

„Тоа што се потпишал како македонски Бугарин или што знам што не му одзема ништо во однос на тоа што го направил имајќи го предвид времето во коешто делувал. Ние денеска, во самостојна, независна Република Македонија имаме ситуација кога луѓето се тепаат да земат македонски пасоши, а во време кога човекот немал од што да живее морал да наоѓа некоја егзистенција, па се потпишал и како Србин,“

вели професор Тодор Чепреганов потенцираји дека Крсте Мисирков треба да се гледа од аспект на времето во кое делувал. На истата линија овие настани ги толкува и историчарот и полкитички аналитичар Јован Донев

„Сите оние што се борат за Македонија, за автономна и независна Македонија итн, оние што се декларираат дека се Македонци, или оние што се декларираат како Бугари, а работат за македонската кауза, тие се Македонци. Ние не можеме дека тие не се наши. Крсте Мисирков е наш, дел од нашата историја. Тој не работи за потребите на Бугарија, туку за потребите на Македонија,“

вели Донев проблематизирајѓи го и како што вели премолчувањето на некои податоци од страна на македонската историографија во процесто на градењето на македонската држава па според тоа упатува и на подлабока анализа на македонскиот идентитет. Тој вели нам неминовно ни претходи расчистувањ на отворените прашања од историјата.

„За пет години ние ќе мораме да отвориме и формираме мешовити историски комисии и да ги расчистиме отворените прашања во историјата. Она што сега се случува може да го ставите во таа функција или друга пропаганда.“

Објавувањето на овие податоци за Мисирков во овој момент Донев ги гледа како научна љубопитност и собирање политички поени но смета дека е непотребно кревање голема прашина околу нив зошто се прилично познати а дискусиите се водат сеуште во континуитет.
XS
SM
MD
LG